Едиции

Ѓаволовиот речник [46]

Автор:

  Ѓаволовиот речник е буквар на црниот хумор! Денес книгата може да се чита како постмодернистички текст. Аргументите се: » преобликувањето на неуметничката литерарна форма и нејзиното подигнување на уметничко ниво; » пародијата на тоа преобликување; » мешањето на книжевните родови; » користењето псевдо цитати од книжевни и научни дела; » алузии на постоечки книжевни …

Ѓаволовиот речник [46] Read More »

Црнци во Фиренца [45]

Автор:

  Жестока и храбра проза која сурово ја сецира сегашната хрватска стварност. Феминистички освестена, политички ангажирана, Рудан го документира внатрешниот свет на ликовите вешто користејќи занаетски финти за кај читателите да предизвика револт, скандал, сожалување или згрозеност од нивниот вулгарен однос кон животот. Црнци во Фиренца е роман за едно хрватско семејство. Баба, мајка, татко, …

Црнци во Фиренца [45] Read More »

И други приказни [44]

Автор:

  Георги Господинов сосема заслужено е еден од најславните современи бугарски прозаисти. Неговите прози се изградени според Борхесовскиот концепт за книжевноста – во нив се испреплетуваат неколку временски и просторни рамништа и читателот до последниот ред не е сигурен што е игра на симболи, литературна алегорија, а што вистина. Авторот ужива во разнишувањето на границите …

И други приказни [44] Read More »

Црни лебеди [43]

Автор:

  Делата на Газданов честопати и не можат рационално да се анализираат, нејасните движења на душата се толку суптилни, често толку недофатливи што просто не е можно, како ни музиката, не само да се прераскажат туку ни да се именуваат. Денес Газданов не се доживува само како значаен писател од блиското минато, недоволно познат класик, …

Црни лебеди [43] Read More »

Една година [42]

Автор:

  Романите на Жан Ешеноз се материјализација на необјаснивата секојдневна мистерија: допир на чудото што навлегува во конкретната реалност и во идентитетот на неговите ликови, кои понекогаш се наоѓаат на работ од психопатолошкото. Тој пишува за онаа точка каде прашањето на идентитетот преминува во прашање за судбината, прашање за нужноста. Неговите ликови се како хероите …

Една година [42] Read More »

Вампир-психопат [41]

Автор:

Неверојатен лудак! Литературен алхемичар – маг и шаман едновремено! Само во машината на генијалната литература може да се смеша една таква комбинација од магиско, морбидно, психолошко и филозофско! Дури и капките од оваа налудничава литература во допир со нежна душа предизвикуваат суптилни процепи и паѓања во несвест! Внимателно да се употребува! Да не се тресе …

Вампир-психопат [41] Read More »

Бумбаров мед [40]

Автор:

  Романот Бумбаров мед претставува трогателна, мошне снажна и на моменти мошне мрачна приказна која го разгледува односот на двајца браќа заробени во доживотна меѓусебна зависност и омраза. Романот добива нова димензија кога во нивниот осаменички живот ќе се појави жената која на некој начин станува гласник кој по многу години ќе ја овозможи нивната …

Бумбаров мед [40] Read More »

Пробај со девојката [39]

Автор:

Рејмонд Чендлер (1888-1959) е можеби водечко име во детективската проза на 20 век, но неговото влијание уште пред неколку децении излезе од некогаш задушли-вите жанровски граници и денес тоа влијание е при-сутно и во пошироките книжевни кругови. Чендлер го презеде суровиот и реалистичен стил на Да-шиел Хемет, давајќи му уметнички призвук, исполнувајќи ја прозата со …

Пробај со девојката [39] Read More »