Раскази од другиот џеб [102]

Автор:

За расказите од книгата „Раскази од другиот џеб“ самиот Чапек вели: „Првиот мој интерес за детективски приказни произлегува од проблемот како се познава и се открива стварноста. Овие раскази се стимулирани од литературен мотив, од проблемот на колонијалниот јазик, разговорниот јазик во сите негови нијанси“. Во нив тој ја достигнува кулминацијата на раскажувачката техника. Од широкото пространство на разговорниот јазик тој го собирал својот раскажувачки материјал, без естетски скрупули ги искористил жанровските елементи на авантуристичкиот роман и детективските приказни, не плашејќи се да го привлече секојдневниот читателски интерес и да му пружи можност за литературно забавување.

Заедно со збирката „Раскази од едниот џеб“, Чапек напишал 48 раскази кои ја деконструираат приказната полна со мистерија преку прекршувањето на многу литерарни правила. Неговиот уникатен пристап кон загадочноста на правдата и вистината е полн со обичности и необичности, со хумор и хуманизам.

Маргина #21-22

Содржина: Жак Атали – Демократија без граници Хичкок Трифо и Богданович со Хичкок Славој Жижек – 39 скалила Паскал Боницер – Тајниот агент Избрана библиографија Мајсторовиот потпис Стрип Роналд леинџ Р. Леинџ – Универзитет Интервју – Леинџ Зигмунт Бауман Интервју – З. Бауман Стрип Локална сцена Нора – Интервју П. Вулкански – Призрак против сенка …

Маргина #21-22 Read More »

Простори на моќта [30]

Автор:

  „Зоран Попоски потекнува од дел на Европа кадешто идејата и политичката реалност на границите во изминатите децении се стекна со ново и честопати проблематично значење. Co тоа, неговиот текст за границите носи печат на вистински интелектуален интерес кој се протега од чисто теориското па се до политичкото. Тоа е добра појдовна точка за истражување …

Простори на моќта [30] Read More »

Луѓе на кои не им се отвора падобранот [2]

Автор:

  Првата награда „Новите!”, годишниот конкурс за најдобар прозен дебитантски ракопис, оваа 2006 година ја заслужи ракописот „Луѓе на кои не им се отвора падобранот” од Алекс Букарски. Одлуката беше донесена едногласно, од страна на четиричленото жири кое го сочинуваа: Никола Гелевски, Владимир Јанковски, Роберт Алаѓозовски и Искра Гешоска. Од 24-те пристигнати ракописи збирката раскази …

Луѓе на кои не им се отвора падобранот [2] Read More »

Меше на годината [101]

Автор:

Жанровски, „Меше на годината” е флуидна, хибридна книга составена од триесетина песни во проза и повеќе куси прозни парчиња што само условно може да се наречат гатанки. Иако нумерирани, прозните секвенци функционираат како сосема независни структури, што допушта флексибилност во нивното восприемање. Текстот во голема мера се темели врз спојот на диспаратни и навидум неспоиви …

Меше на годината [101] Read More »

Маргина #19-20

Содржина УМБЕРТО ЕКО – ПРАФАШИЗАМ ЛУЈ ФЕРДИНАНД СЕЛИН СЕЛИН – СМРТ НА КРЕДИТ (ФРАГМЕНТИ) СЕЛИН – ИНТЕРВЈУА СТРИП: РОЈ ТОМКИНС – МИСТЕР ФОРБС39 ЛОКАЛНА СЦЕНА П. ВУЛКАНСКИ – ОДЛЕПЕН РЕЧНИК… БОБАН ПЕШОВ – ГОСПОДИН ХАНОВЕР… САШО ПОПОВСКИ – ЛУЃЕ ВО МАСЛО НА ПЛАТНО Б. БАБИЌ КЕБРА – КАЖИ ПРАВО СТРИП: МЕРИ ФЛЕНЕР – СИНДРОМ ДУПЛИРАЊЕ… …

Маргина #19-20 Read More »

Наративни идентитети: Криста Волф и Дубравка Угрешиќ [29]

Автор:

  Оваа студија отвора прашања кои се однесуваат на современиот идентитет на раскажувачкиот субјект во писмото на две најконтроверзни авторки на овој век, Криста Волф и Дубравка Угрешиќ. И двете пишуваат во комунинстички и пост-комунистички период, во однос на којшто заземаат творечки став. Што се ,,губи“ при транзитот на субјектот на раскажување од текстот кон …

Наративни идентитети: Криста Волф и Дубравка Угрешиќ [29] Read More »

Електролит:2006 годишна збирка [1]

Автор:

Конкурсот Електролит е значаен не сако како единствен отворен конкурс за млади и неафирмирани писатели, туку и како (колку и да изгледа парадоксално!) единствен онлајн конкурс во нашава државичка. Годишната книга е резултат од едногодишна напорна (речиси волонтерска) работа на тимот на Темплум и поддршката и интересот на сите оние кои праќаа раскази на Електролит. …

Електролит:2006 годишна збирка [1] Read More »